Уапсени шефови на царински испостави

Од:

Полицијата и Царинската управа денеска реализираа заедничка акција во која се приведени неколкумина шефови на царински испостави за злоупотреба на службената положба и овластување и две други лица за помагање.

Според првичните информации од МВР, приведените се осомничени дека краделе од склад во кој се наоѓале одземени предмети за кои се води постапка. Дел од повредните предмети уапсените цариници ги заменувале со фалсификати.

Повеќе информации за заедничката акција се најавени за утре.