Уапсен турски нарко бос во Македонија

Од:

Македонската полиција уапси познат турски криминалец кој се барал со потерница на Интерпол, пренесе Сител.

Турчинот бил приведен со фалсификувани документи заедно со неговиот син. При апсењето кај него била пронајдена поголема количина злато.

Интерпол го сомничи уапсениот за раководење со криминално здружение кое се занимавало со шверц на наркотици.