Уапсен поранешен кошаркарски светски шампион на Богородица

Од:

Поранешниот српски кошаркарски репрезентативец Дејан Котуровиќ на 13. септември е уапсен на граничниот премин „Богородица“ поради основано сомнение дека сторил кривично дело фалсификување исправа.

Тој се враќал од Бугарија, а во Македонија влегол преку Грција на 13 овој месец во 23 часот.

Котуровиќ бил задржан на граница бидејќи постоело сомневање дека сообраќајната дозвола не му е исправна.

По извршените проверки било констатирано дека бројот на шасијата на возилото со кое се превезувал бил фалсификуван.

Котуровиќ е кривично пријавен за сторено кривично дело фалсификување исправа, а Основниот суд од Гевгелија првично му одредил притвор во траење од осум дена.

Во гевгелискиот суд е отворен предмет против Котуровиќ, а до почетокот на судењето тој останува во притвор. Котуровиќ е државјанин на Србија, а имал италијанска патна исправа.

Инаку тој во својата кошаркарска кариера во 2002 година со селекцијата на СРбија и Црна Гора го освои Светското првенство.