Тужените за неисплатеното леење на Ќосето не дојдоа на судењето

Од:

За 1 јуни е одложено судењето за тужбата на РЖ Институт против Здружението за духoвно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради.

На денешното судење не се појавија членовите на Здружението. Нив ги застапува адвокатката Виолета Дангова. Таа до судот достави известување од Град Скопје и нова листа докази. На тоа се противеше адвокатот на РЖ Институт, кој побара судот да закаже термин за увид на споменикот на Ќосето во МЗТ Топилница.

На првото рочиште присуствуваше извршниот директор на РЖ Институт, Злате Коцевски.

Здружението од владата на Никола Груевски за период од четири години добило по 300 илјади денари годишно или вкупно 25.000 евра за сите години. Ова Здружение од државата имаше доделено и автомобил „ауди А4“, како и деловен простор во Трговскиот центар „Скопјанка“, кои по промена на власта му беа одземени.

Васко Маглешов