Турските медиуми пишуваат за навредата во вестите на Сител

Од:

Еден од најтиражните весници во Турција, Милијет пишува за „скандалот“ во Македонија кога новинар на вести на лидерот на опозицијата му кажа „лажеш како Турчин“.

-На приватната телевизија Сител, новинарот Драган Павловиќ Латас на гостинот во вестите, лидерот на опозицијата Зоран Заев му рече „лажеш како Турчин“.

По реакциите на партиите на Турците во Македонија, невладините организации и граѓаните тој се извини на вестите и кажа дека е грешка која нема да се повтори.

Турската амбасада во Скопје реагираше со опомена, и во соопштението напиша дека е неприфатливо да користи такви изјави против турската нација, но и покрај тоа што се извинил пред турскиот народ и држава, далеку е од состојбата да ја надомести штетата од ваквиот недоличен став, пишува турски Милијет.

За интервјуто и изречените зборови денеска пишуваа и останатите медиуми во Турција кои ги пренесуваат случувањата и реакциите на граѓаните од турска националност во Македонија.