А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Туркиш ерлајнс ги зајакнува капацитетите во Македонија

by А1он30/05/2016 - 15:0130/05/2016 - 15:01193
Share0

Туркиш ерлајнс ја интензивира соработката во Република Македонија. Во рамки на својата стратегија од денеска во Скопје компанијата отвори нова канцеларија за своите услуги. Во Македонија се присутни 18 години.

Добивај вести на вибер

– Почнавме во 1998 година со два лета неделно, а денес благодарение на добрата соработка имавме интензивен раст на бројот на патници и достигнавме два лета дневно, рече на отворањето на канцеларијата Илкер Бајдар, директор на Туркиш ерлајнс во Скопје.

Tој оцени дека со отворањето на претставништвото Туркиш ерлајнс ги зајакнува своите капацитети во Македонија.

На отворањето на новата канцеларија присуствуваше турскиот амбасадор во Македонија Омур Солендил истакна дека отворањето на претставништвото е особено значаен чекор за натамошен успех на Туркиш ерлајнс.

Компанијата, како што истакна Мерт Дорман, заменик-претседател на Туркиш ерлајнс за Источна Европа и Балкан, почна со работа во 1933 година со пет авиони, а од 2003 година доживеа интензивен раст и меѓу најдобрите компании во светото. Целта, додаде тој, е да достигнат флота од 500 авиони и 120 милиони клиенти во светот.

Поставените цели, како што рече, се постигнуваат со отворање нови директни линии, зголемување на фреквенцијата кон постојните дестинации и развивање на своите услуги во што се вклучува и отворањето на оваа канцеларија.

turkish
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен