(ВИДЕО) Тунтев: Одлуката за референдумот е можеби болна, но немаме алтернатива за ЕУ

Од:

69 пратеници поднесоа предлог до Собранието за распишување референдум. Одлуката за референдумот не е лесна, на моменти е и болно ова прашање но е единствена алтернатива за стабилна иднина на Македонија, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев. Тој ја повика опозицијата сите заедно да придонесат зад иднината на Македонија со поддршка на одлуката за референдум.

– Пред нас е историска одлука која ќе обезбеди иднина за нашите деца како што посакувале претходните генерации. Создаваме услови за европска држава која рамноправно ќе учествува во креирање на светските политики.

Галена Николовкса – Ризвановиќ