Трите лица кои попладнево беа повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во скопско Сопиште се во критична состојба. Четвртиот повреден поминал со полесни повреди и по прегледот во Градската болница бил пуштен на домашно лекување.
Меѓу повредените има и жената, која е хоспитализирана на КАРИЛ во Ургентниот центар. Пациентката е во критична состојба, како и двајцата мажи кои се примени во Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“ , бидејќи имаат висок процент на изгореници по телото.
Експлозија во фабриката за пиротехника во село Сопиште се случи поппладнево околу 17:00 часот. Полицијата врши увид на местото на несреќата за да се утврдат причините за експлозијата.