(ВИДЕО) Трипуновски: Од денес влегуваме во институциите и гарантираме слободна волја на граѓаните

Од:

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Цветан Трипуновски рече дека со нивниот влез во институциите ќе направат се за да биде испочитувана волјата на граѓаните на слободни избори.

“Ќе ја согледаме состојбата и нема да дозволиме да се прекршат правата на граѓаните. Ние како техничка влада не можеме да направиме чуда и не можеме да ја смениме состојбата со партизираната администрација. Но ќе бидеме гласни против криминалот и корупцијата и нема да дозволиме никаков притисок врз гласачите. Иако, знаеме дека ова власт остави партизиран систем во кој владее непотизам, наспроти професионализам. Деновите има над 1000 решенија на партиски кадри во Мвр, со што се деградирани проджфесионалците”, рече Трипуновски.

Наке Чулев, новиот технички министер во МВР, најави дека ќе изврши увид во состојбите во Министерството и ќе ја информираат јавноста доколку имало издадено незаконски решенија за вработување.

Дополнителната заменичка министерка Гордана Димитриеска Кочоска додаде дека нема да потпише ништо што би значело поткуп на гласачи.

Ќе направиме увид во незаконски распределените решенија во МВР и ќе ја информираме јавноста.