Во сообраќајката која што се случи денеска на патот Кичево-Македонски брод загина тримесечно бебе, а пет лица се повредени.
Во сообраќајната несреќа учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.
Повредените биле пренесени во медицинскиот центар во Кичево, а сообраќајот на патот во моментов се пренасочува по алтернативни патишта.
