Триесет и четири отсто од испитаниците биле жртва или сведок на хомофобично однесување

Од:

Дури 34 отсто од анкетираните изјавиле дека биле жртва или сведок на хомофобично однесување на некој фудбалски настан во земјата, изјави Петар Стојковиќ, претставник на здружението „КВИР СКВЕР“, образложувајќи ги резултатите од анкетата на порталот „квир.мк“.

-Употребата на хомофобичен или трансфобичен говор кон некого е погрешна, тоа е против правилата на игра и претставува кривично дело, смета Стојковиќ.

Луис Енгфилд, претставничката на Мрежата ФАРЕ, на денешната тркалезна маса „Справување со хомофобијата во македонскиот фудбал“, објасни дека меѓународната иницијатива „Фудбалот против хомофобијата“ ја покренува свеста на народот преку спроведување кампањи, советувања и упатувања. Таа, исто така, врши истражувања, разгледува политики и гради капацитети

– Сето ова се прави со цел постојаните фудбалски структури да се направат побезбедни, прифатливи и инклузивни за луѓето од ЛГБТ заедницата, да се создадат можности и да се промовира вклучувањето на луѓето од ЛГБТ во фудбалот на сите нивоа и во сите облици, да се подобри застапеноста и видливоста на ЛГБТ заедницата во фудбалот, како и да се воздигне фудбалот во општеството како алатка за создавање на позитивни промени, наведе Енгфилд.

Директорот на АМС, Дарко Каевски, посочи дека Агенцијата ќе работи на уништувањето на хомофобичната реторика.

– Јазикот без дискриминаторски акцент инсистира и зајакнува културни вредности со тоа што помага да се задржи општествената хиерархија, па затоа препорачувам да го цениме гласот на оние во нашите заедници кои се дискриминирани и да го употребиме јазикот што нема да ги одразува нивните идентитети, бидејќи употребата на инклузивен јазик обезбедува чувство на сигурност на ЛГБТ, апелира директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.