Три нови партии се приклучија на здружената опозиција

Од:

Од името на здружената опозиција можам да соопштам дека денес кон овој здружен опозиционен блок се приклучија уште три нови партии.

Тоа се Нова алетрнатива на г-динот Ѓорѓи Оровчанец, Партијата на Обединети пензионери и граѓани на Република Македонија, на генералот Илија Николовски, и партијата ПЕП 21.

Сите обединети донесовме одлука дека ќе ја приофатиме Декларација Граѓани на Македонија и дека во недела ќе се приклучиме на мирниот протест којшто се органзиира во 14 часот, пред Владата на Република Македонија.

Значи, целата здружена опозиција, сите партии од овој блок, здружено ќе се приклучат на овој мирен, народен, сенароден протест во недела.