Три лица повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

Од:

Три лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и автобус, што се случила синоќа околу 19 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, после мостот кај влезот за с.Горенци.

Сообраќајна незгода се случила помеѓу патничко моторно возило “Шевролет“ со скопски регистерски таблици управувано од K.Х.Х.(55) од Скопје и автобус “Ивеко“ со охридски регистерски таблици управувано од Ч.К.(57) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило, кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“ каде му била укажана лекарска помош.

Со телесни повреди се здобил возачот на автобусот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Свети Еразмо“.

И дваесет и едногодишната патничка И.Ќ се здобил со телесни повреди, па исто така со возило на Итна медицинска помош пренесена била во болницата “Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Охрид и се работи на целосно расчистување на случајот.