Три дена протести пред Собранието против договорот со Грција

Од:

Помала група граѓани и синоќа одржаа протест пред Собранието против договорот со Грција за решавање на спорот за името.

Учесниците во протестот побараа оставка на Владата на Зоран Заев и извикуваа пароли за поддршка на претседателот Ѓорге Иванов. Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред собраниската зграда, пред која беше поставен полициски кордон.

Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата.

Тоа беше трет ден како протестираат граѓани пред Собранието. Учесниците во протестот најавија дека и следните денови ќе продолжат со изразувањето на нивното противење на договорот со Грција.