А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Трепкаво зелено светло на семафорите во Скопје

by А1он22/01/2016 - 10:0623/01/2016 - 10:07128
Share0

На крстосниците во главниот град од денеска ќе почне воведување трепкаво зелено светло, во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Добивај вести на вибер

Како што информира Град Скопје, наредните петнаесетина дена трепкаво зелено светло ќе се воведе на сите семафори во Скопје, а на терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Според Законот, трепкавото зелено светло се воведува за предупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и оти ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.

– Трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите, кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на главниот град, информира Град Скопје.

Градските власти ги потсетуваат возачите дека во согласност со Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата жолтото светло означува забрана за минување, освен за возилата кои во моментот кога ќе се појави жолто светло се наоѓаат на таква оддалеченост од светлосниот знак што не можат на безбеден начин да запрат, а да не го поминат тој знак.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто