Трајчевски: Имаше говор на омраза во медиумите, но не можевме да реагираме

Од:

Претставникот на Агенција за електронски комуникации Зоран Трајчевски образложувајќи го извештајот рече дека имало говор за омраза во медиумите, но, не можеле да реагираат. Тие биле во комуникација со ОЈО, но соработката не вродила со плод.

“Во 2017 година, поради непочитување на законите од страна на радиодифузерите, агенцијата презема 90 мерки. Покренати 28 постапки за одземање на дозволата, од кои 3 беа усвоени” вели Трајчевски, кој додаде дека доделени се и нови дозволи за работа.

Ѓорчев го праша Трајчевски дали кај медиумите има авто цензура, но и дали кај стопанските субјекти имало принуда од Владата да се рекламираат.

“Има медиуми со најголема читаност, а немаат реклами, бидејќи ако платат ќе се соочат со притисоци и инспекции. Во врска со укинувањето на радио дифуџната такса, повторно плаќаат граѓаните”, рече Ѓорчев прашувајќи го Трајчевски.

Директорот на АЕК, рече дека има подобрување во слободата на медиуми. Но, според него, слободата на медиуми е кревка а тоа го уврдиле со настаните од минатата недела за време на лидерската средба, но и укинатата емисија на телевизија со национална концесија.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев побара одговороност од претставниците на МТВ, бидејќи според него биле несериозни што не дошле да ги образложат извештаите за работа.

“Не го почитуваат Собранието”, рече Тунтев.

Кристијан Ландов