А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Трајановски ќе ја посети неутралната фан зона на градскиот плоштад

by А1он06/08/2017 - 10:01145
Share0

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски вечер ќе ја посети неутралната фан зона која се организира по повод претстојниот УЕФА Супер Куп. Суперкупот ќе се игра меѓу двата најуспешни европски клубови, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Добивај вести на вибер

Град Скопје, УЕФА, нејзините партнери и ФФМ изминатите денови ги спроведуваа подготовките во неутралната фан зона на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Низ градот се поставуваа билборди и мегалајти, а на 26 јули беше осветлено и Скопското кале во боите на Суперкупот.

Во неутралната фан зона ќе се реализираат сите активности, а останатите две зони, платото пред Спомен-куќата на „Мајка Тереза“ и плоштадот „Филип Втори“ ќе служат како точки за средба од кои навивачите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид ќе тргнат кон националната арена „Филип Втори“.

Неутралната фан зона ќе биде отворена на 7. и 8 август, од 11 до 19 часот. Тука ќе бидат изложени трите трофеи на УЕФА, трофејот на Лигата на шампионите, трофејот на Лига Европа и Суперкупот и секој посетител ќе има можност да се фотографира со нив.

Трофеите ќе бидат поставени на 7 август, од 11 до 19 часот, а на 8 август од 11 до 16 часот. Поставувањето на трофеите е дел од „Трофеј турата“ организирана од страна на ФФМ, во чии рамки млади момчиња и девојчиња од цела Македонија се натпреваруваа да дојдат до финалните дуели кои ќе се одиграат на „грас рут“ игралиштето кое ќе биде поставено во неутралната фан зона. Момчињата ќе ги одмерат силите на 7 август од 11 до 13 часот, а девојчињата во исто време на 8 август.

Во зоната има места определени за 1 на 1 фудбал, шутирање пенали, фудбалски тенис и слободен стил фудбал. Експерти во слободен стил фудбал од Франција ќе ги покажуваат своите способности и ќе ги подучуваат заинтересираните. Секој ќе може да им се придружи и да научи нешто ново.

Покрај многубројните активности во неутралната зона ќе биде поставена голема бина каде на 7 август присутните ќе ги забавуваат DJ Branchez, DJ Mats, ContruDJ и Симона Попоска, а на 8 август DJ Bobi, DJ Dela, Brass Brothers и Сара Мејс.

Град Скопје очекува десетици илјади посетители и за таа цел се погрижи најголемиот дел од нив да бидат информирани за знаменитостите на Скопје преку промотивно видео и голем број брошури.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен