Трајановски: Целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината за поголема ефикасност во работењето

Од:

„Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, моја цел е да воспоставиме вистинска транспарентност и отчетност во трошењето на народните пари. Граѓаните имаат право да знаат каде оди секој денар и како се носат одлуките што директно влијаат врз нивниот живот. Ќе воведам јавен увид во сите буџетски трошоци, како и отворени денови со градоначалникот и со членовите на Советот, каде што секој граѓанин ќе може лично да постави прашање, да даде предлог или да иницира расправа за прашања од јавен интерес“ изјави денеска кандидатот за градоначалник на скопската општина Аеродром, Александар Трајановски.

Тој вели „Во исто време, ќе овозможиме дигитални алатки за вклучување на граѓаните – платформа преку која секој ќе може да поднесе предлог, да пријави проблем или да добие одговор на своето прашање“.

„Мој приоритет ќе биде целосна дигитализација на услугите што ги нуди општината, со поедноставени процедури, пократко време на чекање и поголема ефикасност во работењето. Јавно ветувам нула толеранција кон корупцијата во локалната самоуправа. Секој денар ќе биде потрошен транспарентно, законски и исклучиво во интерес на граѓаните на Аеродром. За Општина Аеродром што работи чесно, транспарентно и во служба на граѓаните“ порача Трајановски.

Би можело да ве интересира

Трајановски не е промена за СДС, промена и реформа се можни само со оставка на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Трајановски: СМАРТ-осветлување во сите паркови и дворови на градинките и училиштата

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Трајановски: Со ваша поддршка кон подобра иднина на Аеродром

А1он