Товарно возило се преврте на патот Градско-Прилеп кај Камен Дол

Од:

Товарно возило комби се превртело на патот Градско-Прилеп меѓу селата Камен Дол и Сирково. Заради утврдување на евентуални повреди, возачот и совозачот биле пренесени во кавадаречката општа болница.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека сообраќајот се одвива по една лента.

Во тек е увидот на местото на несреќата.

ФОТО: Илустрација