Високите температури и дефицитот на влага во почвата и натаму се лимитирачки фактор за развој на земјоделските култури, особено кај доцните сорти на пролетните, окопни и градинарски култури.
Според агрометеоролозите, овие појави пропратени со ниска релативна влажност на воздухот може да предизвикаат и паѓање на цветовите и заврзаните плодови на градинарските култури.
Тие сугеираат да се интензивира примената на заштитата од болести и штетници во одредени региони поради можна локална појава од дожд и град.
Времето во наредниот период ќе биде поволно за реализирање на дел од земјоделските работи кои во овој период се одвиваат со поголем интензитет.