Тодоров: Нема нови случаи и не се очекува сериозно ширење на бактеријата листерија

Од:

Нема нови случаи и не се очекува сериозно ширење на бактеријата листерија, изјави денеска министерот за здравство Никола Тодоров, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кои се најновите мерки и чекори кои се преземаат околу заразата. Тoдоров денеска присуствуваше на отворањето на обновената здравствена станица во Kривогаштани.

Со сите мерки што се преземаат, посочи министерот, веројатно се успеа да се стабилизира побрзото ширење.

– Не велам дека не може да се појават еден или два случаи имајќи го предвид долгиот период на инкубација. Во секој случај, нема сериозно ширење на оваа бактерија. Тоа е добро. Останува да се преземаат мерките од надлежните институции: Агенцијата за храна и ветеринарство и да се расветли целата ситуација. Најбитно е дека се во што е најдена бактеријата листерија е повлечено од промет, рече Тодоров.