TM: Да се укине Комисијата за спречување корупција зашто нејзиниот претседател е донатор на ВМРО – ДПМНЕ

Од:

Сега веќе поранешниот претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Горан Миленков ќе остане неславно запаметен по непознавањето на Законот за спречување корупција, по континуираното забошотување на корупциските случаи на високо ниво, на случаите на несразмерното збогатување на високи владини функционери за време на мандатот, за прогласување за „ненадлежен“ за бројните корупциски скандали и злоупотреби на службената положба кои произлегуваат од скандалот со прислушуваните телефонски разговори.

– Со изборот на неговиот наследник, Игор Тантуровски кој е донатор на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ , се потврди целосната партизација на Комисијата за спречување на корупција, спротивно на нејзината законска поставеност, со што целосно е девалвирана нејзината улога и смисла на постоење. Спротивно на законската обврска, ДКСК стана синомим на затвореност кон јавноста. Затоа, отворено се поставува прашањето зошто и’ е потребен портпарол кој никогаш не е достапен за медиумите? – велат од Транспарентност Македонија

13162499_10209587991631840_153209419_n

Според ТМ, податокот дека во 2015 година до Комисијата биле доставени само 124 представки – најмалку до сега, од основањето на оваа Комисија , значи драстичен пад на обраќањето на граѓаните до ова тело, заради целосно изгубената доверба во неговиот кредибилитет.

Од друга страна, податокот дека во 2015 година ДКСК до Јавното обвинителство поднела само две иницијативи за кривично гонење и две иницијативи за разрешување од функција и тоа исклучиво за јавни службеници од пониските еашалони, јасно зборува за нефункционирањето на ДКСК.

Сите оценки на граѓанскиот сектор и експертите од земјата, но и од меѓународната заедница, укажуват на нескриена политичка пристрасност на ДКСК кон власта, нејзина селективност и нетранспарентност во извршување на функцијата. За членови на Комисијата се именуваа лојални партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои наместо да иницираат постапки за одговорност на високи функционери за кои постои сериозно сомневање за вмешаност во корупција, се ставија во улога на нивни заштитници. Оттука, сосема легитимно се поставува прашањето за смислата на нејзиното натамошно постоење во овој состав, особено што даночните обврзници само во 2015 година. за (не)работата на ДКСК одвоиле 31.982.000,00 денари, или половина милион евра јавни пари.

Според невладната Транспарентност Македонија, скандалозно е што поранешниот член и председател на ДКСК, Ѓорѓи Сламков е именуван за претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

А.Б.