Транспарентност Македонија го повикува Апелациониот суд да
ги земе во предвид сите правни аргументи, во случајот “Кражба во Музејот на Македонија“, да не ги игнорира доказите на одбраната, како што беше случајот во првостепената постапка.
„Предизборниот период секогаш е погоден за разни манипулации. Во оваа слика како да се вклопува и случајот “Музеј на Македонија”, кој предизборно почна во 2014 г. пред локалните избори и предизборно ќе заврши во 2016 година, пред парламентарните избори.
Повторно драматичен предизборен период. Во 2014 г. овој случај започна и медиумски се водеше пред првостепениот суд, а во 2016 г. предизборно се води пред Апелациониот суд.
Дали одлуката што ќе ја донесе Апелациониот суд за случајот „Музеј на Македонија“ ќе биде показател за (не)зависноста на судството или како и првостепениот суд со истоветен препис на обвинението, без докази, ќе ги потврди пресудите за невините лица со повеќегодишни затворски казни, без притоа да направи обид за посочување на патот за пронаоѓање на вистинските сторители ќе видиме.
Како и да е, одлуката што ќе ја донесе Апелациониот суд за случајот Музеј на Македонија ќе биде показател за (не)зависноста на судството.
Транспарентност Македонија го следи овој процес уште од самиот
почеток.“, соопштува Транспарентност Македонија.
Основен суд 1 Скопје, на 20 март 2015 година, седуммината обвинети за кражба на артефакти од Музејот на Македонија, ги осуди на затворски казни.
Поранешниот директор на Музејот, Перо Јосифовски доби највисока казна, 8.8 години затвор.
На Златко Видевски, програмски директор му се пресудени 6 години и 8 месеци, додека на Софка Кушовска 3 години. Јован Кондијанов доби 3 години, а Дарко Кржовски и Андреј Ежов по една година.
Обвинетите и нинвите роднини реагираа на пресудата и високите затворски казни нарекувајќи го судскиот процес монтиран. Процесот сега се води во Апелациониот суд.
