ТХП: Латас да се извини на сите Турци, во спротивно ќе тужиме

Од:

По вечерашното интервју на Зоран Заев во Сител и погрдните зборови што ги употреби водителот, Партијата за Движење на Турците во Македонија го повикува Драган Павловиќ – Латас итно да се извини на сите Турци, во спротивно ќе покренат судска постапка.

„Вечерва во Дневникот на Сител Телевизија, главниот и одговорен уредник Драган Павловиќ – Латас упати огромна навреда кон турската нација, нарекувајќи ги Турците лажговци. Ваквиот вокабулар не само што не е професионален, туку е големо омаловажување за целата 300 милионска турска нација и претставува огромен удар врз пријателските односи меѓу Република Македонија и Република Турција.“, се вели во соопштението од ТХП.

Leave a Comment

4 − 2 =