ТХП: Човек со едноцифрен рејтинг нема право да ни ја крои судбината – последниот збор ќе го кажат граѓаните

Од:

„Во овој миг кога за прв пат во историјата сме на дофат да го решиме две и пол деценискиот спор со соседната Република Грција, нашата земја како никогаш досега има потреба од заедништво, разум и храброст. Токму високите државни функционери, институции и политички субјекти се тие кои треба во овие судбоносни моменти да покажат државотворен карактер, визија, храброст и одговорност.

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП) денешниот настап на Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов го смета за несреќен потег. Ваквото однесување не само што нема да придонесе за иднината на нашата земја, туку сериозно ќе ги наруши сите стратешки цели на Р. Македонија.

Партијата за Движење на Турците (ТХП) и натаму ги поздравува и поддржува напорите на Претседателот на Владата Зоран Заев за надминување на спорот со Грција и воедно ги повикува сите релевантни фактори, вклучувјќи ја и опозицијата да се однесуваат зрело и државнички, без никакви дневно политички калкулации. Поддршката која доаѓа од сите соседи, ООН, ЕУ, САД, Русија и целата меѓународна заедница треба да биде дополнителен мотив за да ја воочиме висината на одговорноста која ја имаме пред граѓаните на Р. Македонија.

И на крај потенцираме дека иднината на граѓаните на Р. Македонија во ниту еден случај не смее да зависи од личните каприци на политичари и носители на високи државни функции кои имаат едноцифрен рејтинг кај граѓаните. Оттука сметаме дека и Иванов нема право да игра со судбината на Р. Македонија. Граѓаните на референдум ќе го имаат последниот збор!