А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Тевдовски: Македонија ќе мора се задолжува, земани се големи и скапи кредити

by Кристијан Ландов22/12/2017 - 16:0822/12/2017 - 16:14233
Share0

Новиот министер за финансии, Драган Тевдовски на собраниската говорница објасни дека Македонија ќе мора да се задолжи во странство поради враќање на стари долгови. Според него, државата во 2018 година ќе мора да се задолжи 40.9 милијарди денари. Според министерот за финансии, тоа ќе се реализира со издавање на еврообврзница, но и со задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вребот.

Добивај вести на вибер

„Граѓаните треба да знаат дека државата треба да биде подготвена и за враќање на големи и скапи кредити, веќе идните години. Во 2020 и 2021 година, Македонија ќе треба да врати 925 милиони евра, стари долгови“, рече Тевдовски.

Во Дополнетиот предлог буџет кој го испрати Владата, прифатени се амандмани од комисиската расправа во македонското Собрание и со нив направени се зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.

К. Ландов

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен