Тешко повреден во Унгарија, македонските лекари го пратиле дома

Од:

Синоќа се вратија и последните двајца патници кои беа најтешко повредени во сообраќајната несреќа кај Будимпешта, јави Телма.

Јован Цумаров сѐ уште ги лекува повредите на ребрата и на лигаментите. Ги лекува дома, бидејќи, по транспортот од Унгарија, лекарите констатираа дека е добар и изутринава во 3 часот го пуштија да си оди сам дома, додава телевизијата.

Пациентот е пратен дома со такси по 12 часа патување од Унгарија.

Од Ургентниот центар за телевизијата велат дека Цумаров дошол со повреди на градниот кош и се жалел на болки во коленото. Него го прегледале дежурен лекар и специјалист и утврдиле дека немало потреба да остане на болничко леување. Од болницата велат и дека доколку повредите биле сериозни, тие не би му дозволиле на пациентот да си замине.