Вчера во 12.50 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ј.С.(65) од Скопје.
„Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во трговски центар на подрачјето на Центар“, извести МВР.
За настанот бил известен трудов инспектор и излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.