Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Прилеп-Градско на Плетвар. Според првичните информации има и загинати. Загинале маж и дете, а една жена е во животна опасност.
Во судирот учествувале камион, автомобил и комбе.
Поради увид кој го вршат истражните органи сообраќајот во двете насоки е во прекин.