Денеска во Основен суд 2 дошло до тепачка меѓу семејството Накови и Омерагиќ.
Штерјо Наков и неговиот син Драган и сопствениците на Руле Турс, Ружди и Масар Омерагиќ се степале при одвивање на судски спор.
Тепачката настанала меѓу синот на Штерјо Наков, Драган и синот на Ружди, Масар Омерагиќ, а се вмешале и татковците, но најдебелиот крај во целата мешаница го извлекол Драган Наков, пренесе Сител.
Во случајот морала да интервенира и судска полиција, која повикала и Брза Помош за да им помогне на настраданите.
Драган Наков со раскрварена глава Брзата Помош го однела во болница.