Ситуацијата во Слатино и понатаму е алармантна. Од пукнатината на браната се уште истекува огромна количина на вода. Жителите од куќите кои се наоѓаат во долниот дел на селото се евакуирани во горниот дел на селото, каде нема опасност од поплавување, а евакуирана била и целата стока.
Ризикот од уривање на браната сеуште е сериозен. Нема промена на ситуацијата од пред неколку часа кога настана целиот проблем. Браната во голема мера е оштетена, но се уште се држи. Голема е веројатноста браната да се урне комплетно“, рече за А1 Митко Темелковски, од Центарот за управување со кризи од Охрид.
Градоначалникот на општина Дебарца, Љупчо Којчиноски телефонски за А1 изјави дека тие уште во месец август пријавиле дека има оштетување на браната, дошле екипи на Министерството за земјоделие но од тогаш до денес, не презеле никакви мерки.