Денеска во Кинотеката Скопје се одржува вториот настан TEDxSkopje на темата Град со наслов City 2.0. Настанот кој е еден од повеќето кои под ова име се одржуваат на глобално ново, во зависност од временските зони се случува во повеќе од 30 земји во светот, на 20 и 21 септември 2013 година.
Посетителите во полната сала имаа можност да ги проследат говорниците кои на темата „Град 2.0“, говореа за граѓаните и нивната функционалност во градот. Целта на настанот е да креира, генерира и сподели идеи, да пренесе “аха” знаење и да создаде заедница од индивидуалци што сакаат да се дружат, мотивираат и инспирираат.
Како говорници можеа да се проследат: Митко Хаџи Пуља – професор по архитектура; Минас Бакалчев – професор по архитектура; Јан Зилстра – одржливи градини на англиски јазик презентација; Елена Ставревска – презентација на тема редефинирање на граѓанинот; Небојша Илијевски – Лице в Лице – за редефинирање на граѓанинот преку транзицијата на духот бивајќи изложен на социјалните промени и медиумската сфера; Марија Зафирова од ТЕАТРА – Театар насекаде – за пренесувањето на театарот во градот; Александра Шекутовска во делот Обмислување на градот; Зоран Дранговски – за азилантите во градот и проблемите со кои се соочуваат од кои земји доаѓаат, колку ги има и практиките од светот; Шутка Рома Рап – презентација и мал перформанс.
На темите околу редефинирање на граѓанинот, пресознавање на урбаното искуство, обмислување на градот и прекројување на географиите, говорниците се обидоа да ги насочат слушателите најпрово да тргнат од себе и потоа да влијаат на создавањето на промените. Небојша Илиевски, со својот говор „ Indorse Valter“, објасни како преку информираноста граѓаните може да се заштитат од влијанието на мас медиумите, потенцирајќи го значењето на самиот граѓанинот како медиум.
Индивидуалниот иднентитет на човекот во јавниот простор беше фокус точна за која говореше Елена Ставревска, додека архитектот Минас Бакалчев го објасни вистинското значење на архитектурата во наштите животи. Бакалчев потенцираше дека младите треба да се оние кои ќе се вклучат во создавањето на секојдневите промени во Скопје.
Овој тип на настани, наречени TEDx се одржуваат независно и оној кој што ја поседува лиценцата за градот ги избира темите на кои ќе се зборува.
Темјана Поповска