На маршот на навивачката група „Комити“ за Никола Саздов, пред демонстрантите се обрати и таткото на загинатото момче. Тој побара правдата да излезе на виделина.
– Револтот е огромен, но со ваша помош правдата ќе излезе на виделина. Да нема местенки, рече таткото на Никола Саздовски.
Откако полицијата не ги пушти демонстрантите пред министерството за внатшрени работи, таткото на Никола рече дека не се тие виновни, бидејќи така им е наредено.
Тој побара една минута молк за Саздовски, по што протестот мирно заврши.
Виктор Јованов
