Tарчуловски ќе биде ослободен во март?

Од:

Добиено е мислење од германските судски власти на барањето за предвремено ослободување на Јохан Тарчуловски.Тоа е проследено до Хашкиот трибунал кој треба да ја донесе конечната одлука, потврдуваат за МИА од неговиот адвокатски тим.

Одбраната на Тарчуловски очекува Судскиот совет на Трибуналот во Хаг да одговори позитивно на барањето, затворската казна да му биде пременувана во условна и тој да биде ослободен за еден месец, во март.

Дванесетгодишната затворска казна на Јохан за случувањата во скопското село Љуботен во 2001., формално истекува во 2017 година. Шест години од казната Тарчуловски помина во Шевенинген, а од пред две години е во затворот во германскиот град Диц.