Талески: Офицерски ќе биде Куќа на културата

Од:

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска на прес конференција соопшти дека Офицерскиот дом ќе прерасне во куќа на културата во која ќе се одржуваат различни културни настани, театарски претстави,концерти…

Талески потврди дека почнала постапката за изменетата одлука за продажба на Офицерскиот дом во Битола и овој објект во иднина ќе биде сопственост на општина Битола.

– Во изминатиов период Офицерскиот дом имаше лавиринт од надлежности, но сега на најдобар начин ќе може да се заштити и санира овој објект од големо културно историско значење. Деновиве имаше различни реакции од граѓаните, но ВМРО ДПМНЕ покажа дека има слух да го чуе гласот на народот, постапката за продажба на Офицерски е прекината и сите ние функционерите од ВМРО ДПМНЕ почнуваме постапка за пренесување на Офицерскиот дом во сопственост на општина Битола, рече Талески.