Во координација со работните групи ќе се одлучува што со законот против „бомбите“, не може да се повлекува без моја согласност, изјави пратеникот од ДУИ Талат Џафери, по средбата со олеснувачот Питер ван Хауте во Собрание.
Преговорите за изборниот законик се стопирани додека не се донесе одлука за овој закон.
По средбата на Хауте и Џафери, пратеникот им рече на новинарите дека законот засега нема да биде повлечен, а Питер ван Хауте дека дополнително ќе даде изјава.