А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Таксист се обидел да излаже американски државјанин

by А1он31/03/2018 - 10:45168
Share0

Вчера во 19,10 часот во Полициската станица – Центар , Р.Р. (32) од Северна Каролина-САД, со привремено престојувалиште во Скопје, пријавил дека истиот ден околу 16.45 часот од плоштадот “Скендербег“ се качил во патничко возило со такси ознаки и му кажал на возачот да го однесе до хотел во Скопје.

Добивај вести на вибер

Откако пристигнале пред хотелот, таксистот му побарал да плати 400 денари, а на таксиметарот стоела сума од 110 денари. Р.Р. рекол дека тука живее и знае колку чини такси превоз, по што таксистот започнал на англиски јазик да го навредува и го стартувал возилото со полна брзина, не дозволувајќи му да излезе од возилото, кажувајќи му дека сега тој е главен и тој ја контролира ситуацијата.

Поради густиот сообраќај во близина на продавница за бела техника таксистот подзастанал, при што Р.Р. ја искористил ситуацијата ја отворил вратата и скокнал од возилото.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто