Такси-превозниците од Гевгелија бараат да се почитува договорот за превоз на мигранти

Од:

Доследно да се почитува договорот за превоз на мигрантите од Гевгелија за Табановце, кој беше потигнат со Координативното тело за справување со кризи, побараа денеска од градоначалникот Иван Франгов приватните автобуски и такси превозници од општина Гевгелија на едночаовниот протест што го одржаа на нивното паркиралиште кај мостот на Сува Река.

Во меѓувреме, специјалните полициски сили и денеска ја обезбедуваат пругата за безбедно минување на возовите кои од вчера ги превезуваат мигрантите кон Табановце.

Од Здружението на такси превозниците соопштија дека денеска нема да го блокираат сообраќајот во градот и оти во тек се консултации за тоа како ќе постапуваат од утре доколку и понатаму не се почитува договорот за превоз на мигрантите. Како една од можните варијанти е најавена и блокада на граничниот премин „Богородица“.