Свечена академија на Педагошкиот факултет по повод празникот Св. Климент Охридски

Од:

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје денеска одржа Свечена академија по повод патрониот празник 8-ми Декември, денот на големиот просветител и учител Св. Климент Охридски и јубилејот 1100 години од неговото упокојување.

Министерот за образование и наука Пиштар Љутвиу во своето обраќање истакна дека Педагошкиот факултет претставува пример, како една образовна институција треба да се посвети на една дејност која е важна за развојот на државата.

– Педагошкиот факултетот е реномирана вискообразовна устанува која со искажаните наставни и научни достигнувања претствавува пример како треба да се посвети на една дејност, која е многу битна за здравиот развој на државата и општеството во целина, а тоа е образованието, рече министерот Љутвиу.

Тој додаде дека оваа установа со голема посветеност ги следи современите достигнувања во научните дисциплини и методите кои се релеванти за формирање на еден професор, за одделенска настава и предучилипна возраст, а која се одвива на три јазици.

Деканот на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Емил Сулејмани информира дека факултетот во својата богата традиција на Педагошката академија се подготвува кадар за предучилишни установи, одделенски настаници на македонски, албански и турски јазик, и дека на факултетот прв пат во Македонија се организраат студии по библиотекарство.

– Славиме 21-годишнина од основањето на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, и славиме 1100 години од нашиот светец Климент Охридски. Ние со гордост го носиме тоа име и сме една од институциите која што продуцира кадар за одделенска, предучилишна настава и за библиотекарство во рамките на Република Македонија, рече Сулејмани.