Со кукасти крстови, симболи на нацизмот е осквернавен споменикот на загинатите бугарски туристи во трагедијата на бродот „Илинден“. На паметникот, освен свастики има текст со пораки чија содржина е непозната, јави телевизијата Алфа.
Локалните власти и граѓаните го осудија инцидентот и побараа од полицијата да ги пронајде сторителите на ова злодело.
Полицијата направи увид и констатира дека минатата ноќ, со црн спреј непознато лице напишало недолични пораки на спомен плочата. Ќе сториме се за да го откриеме сторителот – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.