„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 луѓе

Од:

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка за донации од близу 11 милиони денари.

Во објавената видео информација на Фејсбук профилот на Граѓанската иницијатива се вели дека од вкупната сума од 10. 944.793 денари еден милион се за данок на државата, а останатите се еднакво распределени на 137 луѓе во износ од по 71 900 денари.

-Почитувани, транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку SupportKocani, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди, стои во објавата на „Супорт Кочани“ на социјалните мрежи.

Средствата потекнуваат од компании здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи на 16 март оваа година загинаа 63 лица, а над двесте беа повредени.

Би можело да ве интересира

SupportKocani обезбеди донација на повредените во „Пулс“ за Клиниката за пластична хирургија

Катерина Ѓуровски

Преку Support Kocani набавена и втора пратка компресивна облека за 17 повредени во „Пулс“

Катерина Ѓуровски

Доктори специјалисти во Кочани ги прегледуваа повредените од „Пулс“ – дел од нив се уште имаат отворени рани

А1он

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА: Уште чекаме помош од државата сведочи мајка на момче повредено во „Пулс“

Катерина Ѓуровски