А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Судии и обвинители на работилница за „Факторингот според законската рамка“

by А1он13/07/2018 - 13:46123
Share0

Судии, јавни обвинители и претставници од релевантни институции денеска во Скопје учествуваа на работилница на тема „Факторингот според законската рамка“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Работилницата беше организирана од Академијата за судии и јавни обинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Проектот на УСАИД за факторинг, а има за цел да ја подобри имплементацијата на факторингот и да го подобри законското и регулаторно опкружување, кое им овозможува на малите и средни претпријатија да работат со ефикасност, транспарентност и поголем пристап до алтернативни финансиски решенија.

Пред присутните се обратија директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска, директорот на Проектот на УСАИД за факторинг, Ловре Ристевски, а излагање на наведената тема имаше и експертот за факторинг од Хрватска, Борис Абрамовиќ.

Пред учесниците на работилницата беше посочено дека скоро и да не постои компанија која не се соочува со финансиски проблеми, потешкотии при наплата, кратки рокови за исплата, авансно плаќање, одложена наплата. Сето тоа го носи современиот начин на соработка меѓу компаниите, што наметнува користење на финансиски инструменти преку кои ќе може да се постигнат повеќекратни ефекти во корист на двете страни. Факторингот е еден од тие инструменти што може да биде од голема помош за лицата задолжени за управување со финансии во компанијата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во литературата има повеќе дефиниции за тоа што е факторинг, а една од нив вели дека факторингот е продажба на краткорочни недоспеани побарувања на факторот (финансиска институција што ја нуди услугата) за одреден дисконт, а доспеаните средства се користат за финансирање на останатите деловни активности.

Главната цел на проектот е да се зголеми пристапот до можностите за финансирање и да се подобри ликвидноста на малите и среди претпријатија.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео