Струмичани вечерва протестираа против насилство врз новинарите

Од:

Во Струмица и вечерва се протестираше. Мирниот протестен марш стартуваше од плоштадот „Гоце Делчев“, каде што беа пуштени аудио снимките од последната бомба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во кои се открива обидот за криење на доказите во спроведувањето на истрагата за трагичното загинување на новинарот Никола Младенов. Учесниците во маршот го искажаа својот револт и против насилството врз новинарите од страна на полициските безбедносни структури.
Од името на новинарите, се обрати Томе Христов кој рече дека овој протест е всушност протест против власта која што ги окупираа најголемите медиуми во државата создавајќи од нив измеќари на Никола Груевски.

„Тој што тепа новинар, тој што омаловажува новинар, тој што затвора новинар, и тој што „не би сакале да веруваме“, убива новинар, тој едноставно не може да биде човек. Тој може само да биде ѕвер или монструм“, додаде Христов.

„Убијци“, „Бараме слобода“, „Нема да не замолчите“, извикуваа учесниците во протестниот марш кој од плоштадот продолжи пред Основниот суд кој вечерва беше под силно полициско обезбедување. Сите полицајци беа почестени со гумени бомбони, а протестот заврши мирно достоинствено.

DSC_1604

DSC_1577

DSC_1561

DSC_1640

DSC_1639

DSC_1629

DSC_1622

DSC_1619

DSC_1618

DSC_1612

DSC_1671