Стоилковски: Шилегов гради дивоградба, Богоев да го урне објектот

Од:

Луксузниот објект на Шилегов семејната зграда во скопски Карпош е дивоградба. Шилегов нема дозвола за градба, ако ја имаше до сега ќе ја покажеа и Шилегов ама и неговиот соучесник во криминалот Стефан Богоев рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Никој во соседството каде што живее Шилегов и каде ја гради семејната зграда во оваа урбанистичка четврт наречена Z 04, не сме да има куќа повисока од 8,8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Само Шилегов на диво, додава цели два ката. Насилнички, со злоупотреба на моќ, Шилегов го обезвреднува имотот на своите соседи, го обезвреднува трудот на оние кои чесно градат и се занимаваат со градежништво“ – рече Стоилковски.