Стефоска: Само слободен и автономен универзитет може да продуцира знаење

Од:

На дебатата пред Владата Ирена Стефоска од Vox Academica зборуваше на тема образование.

– Очекуваме од секоја идна власт да не помисли да ја толкува автономијата на универзитетот, онака како што тоа нејзе и одговара. Само слободен и автономен универзитет може да продуцира знаење и подобар живот. Академската заедница мора да биде рамноправен партнер во носењето одлуки, а законите мора да се прочистат од сите санкции и глоби, и наместо казни, да се воведат стимулации. Свиречето за протести и вреќата за спиење секогаш ќе ни бидат при рака – порача таа.