Ставен во функција новиот детски забавен парк во Пепелиште

Од:

На задоволство на месното население, а посебно на најмладите, во функција е ставен новиот детски забавен парк во Пепелиште, изграден со средства од буџетот на општина Неготино и со поддршка во работна рака од локалните жители.

-Поставени се бетонски рабници околу целиот парк, реконструирана е водоводната и канализациска мрежа под објектот, нанесена е комплетно нова земјена подлога соодветна за вакви објекти и поставен е песочник под реквизитите за поголема безбедност на присутните. Исто така изработени се патеки од бекатон коцки и фигури од камења, посадени се трева, цвеќе и дрвца. Истовремено, поставена е и урбана опрема и нови детски реквизити кои претставуваат магнет за најмладите жители на Пепелиште, информираше денеска Методи Митрев, портпарол во неготинската локална самоуправа.

Со неговото ставање во функција, како што додаде тој, локалните жители на располагање добија пријатно катче за одмор и релаксирање.