Стартуваат обуките за персонални асистенти за инвалидни лица

Од:

Од денеска започува спроведувањето на Обуката за персонални асистенти за инвалидни лица, која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година. Целта на мерката е преку обука да се зголеми вработливоста на евидентираните невработени лица со стекнување на потребни знаења и вештини од областа на персонална асистенција за инвалидни лица.

Со овој чекор се исполнува долгогодишното барање на инвалидните лица, што ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење и рамноправно учество во општеството.

Обуките ќе траат два месеци, а во нив се вкучени 100 невработени лица евидентирани во Агенцијата за вработување на РМ. Ќе бидат опфатени 7 градови и тоа: Скопје, Куманово, Битола, Гостивар, Струга, Струмица и Неготино.

Лицата кои успешно ќе ја завршат обуката ќе се стекнат со сертификат издаден од верификуван спроведувач на обука, односно Црвениот крст на Република Македонија.