Во Кривичниот суд во Скопје денеска се очекува да стартува судењето за сообраќајката што се случи во јули кај трговскиот центар „Зебра“ во скопската населба Капиштец, во која загина новинарката Сузана Тодоровска-Павлоска.
Во 11 часот се очекува обвинетиот за сообраќајката, триесет и седумгодишен скопјанец, да седне на обвинителна клупа. Возачот на автомобилот „опел“ со кој беше прегазена новинарката се наоѓа во притвор.
По направените анализи беше утврдено дека возачот бил под дејство на алкохол и под дејство на марихуана. Во крвта се пронајдени 1.52 промили алкохол, додека пак во урината 2.41 промили. Во урината на осомничениот се детектирани и метаболити од психоактивна сустанца што ја содржи растението канабис.
Возачот според неофицијална верзија, ја удрил жената која била на тротоар, преку тревник и бетонски скали се забил во метална ограда и во фризерски салон.
Новинарката Тодоровска Павлоска беше вработена во Македонското радио во вториот програмски сервис.
Во центарот на нејзиниот богат новинарски опус беа културните настани, а главен интерес и беа филмската уметност и подвижните слики на кои им го посвети најголемиот дел од својата кариера.