Старец тешко повреден – се превртел со трактор

Од:

Вчера во 17,20 часот во Штип на излез од село Спанчево кон село Пантелеј, се случила сообраќајна незгода во која Љ.П.(84) од Спанчево, се превртел управувајќи трактор.

Во незгодата Љ.П. се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на ребра и на дватта колка) и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентен Центар-Скопје.