А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Средношколците со писмо до Пешевски и МОН: Сега знаеме како не треба

by А1он03/05/2015 - 12:24119
Share0

Средношколците кои протестираат во паркот пред Министерството за образование и наука(МОН) со писмо се обратија до вицепремиерот Владимир Пешевски и МОН, откако на последната средба во четвротокот, оваа недела биле изложени на арогантен и игнорантси однос од страна на владините фукнционери, пренесува „Радио МОФ“.

Добивај вести на вибер

„Ја жртвуваме сопствената иднина за да го подобриме образованието. Го жртвуваме сопственото спокојство за добробитот на сите сегашни и идни средношколци. Наместо во училишните клупи и во своите топли домови, деновите и студените ноќи ги минуваме во шатори. Се арчиме за иднината на образованието и немаме намера да застанеме! Визијата за образовен систем базиран на слобода, добрина, правда и љубов е нашиот основен двигател и воедно извор на нашата истрајност. Нашата кауза е чиста, нашата цел алтруистичка и добронамерна. Во неа нема апсолутно никаков простор за политички партии! Сега откако ја сфаќате нашата сериозност и тежина, но одбивате да ги признаете, проблемите со кои ние средношколците се соочуваме ги девалвирате и ги сведувате на лично индивидуално ниво. Згора на тоа тврдите и дека знаете кој не праќа. Господине Пешевски, Ве прашуваме каде бевте сите изминати средношколски маршеви кои што за првпат во историјата се случуваа низ целата држава за да видите кој не праќа?!“, стои во писмото на средношколците.

На крајот од писмото се вели: „Деца сме кои ги научија игрите на возрасните. Од се срце ви благодариме за искуството. Сега знаеме како НЕ треба.“

Извор: Мета

srednoskoci
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен